La lettre en macédonien
Писмо до родителите во изолација
Се наоѓаме собирани во семејство.
Никогаш не сме биле толку често и толку долго со нашите деца.
Ова е можност да разговараме со нив. Да разговараме со нив почесто, подолго од вообичаено.
Ова е можност да ги слушаме. Да ги слушаме подолго, повеќе од вообичаено.
Ова е можност подобро да ги запознаеме.
Разговорот со нашите деца е она што е неопходно за да ја поминеме оваа криза заедно: да се увериме, да се поддржуваме едни со други, да си кажуваме важни работи едни на други.
Разговорот со нашите деца овозможува да им помогнеме во домашните задачи: зборувајќи со нив за училиште и за задачи, зборувајќи со нив за нивните стравови и нивните успеси, тоа е она што ќе ги натера да напредуваат, за време на оваа криза, исто така, и повторно да се вратат во училиште !
Домашните задачи кои се дадени од училиштето се добра можност да ce разговара со нив.
Децата секогаш можат да им кажуваат на своите родители што разбрале, што не разбрале, што е лесно, што е тешко.
За подобро да разбереме, може да и се јавиме на тетка, чичко, пријател, сосед.
Можеме да го направиме тоа заедно, иако мислиме дека не знаеме.
Наставниците им даваат задачи на децата што тие можат да ги решат.
Наставниците, исто така, им даваат потешки задачи на децата кои што тие може да се обидат да ги решат поминувајќи повеќе време во обидот да ги разберат, со вас, преку вашите прашања, и зборувајќи заедно.
Понекогаш тие се премногу тешки: не е важно, ќе ги видат подоцна, во училиште.
Прашајте ги вашите деца што разбираат, дури и ако ви кажат дека „тие не разбираат ништо“.
Кажете им што мислите, обидете се да разберете заедно.
Не треба да се бара перформанса или совршенство, туку да се размислува заедно.
За родителите кои што зборуваат јазик различен од тој во училиште :
Да зборувате значи да „ кажете и слушате“, да разменувате, да споделувате на јазикот или на јазиците што ги сакате, со кои сте запознаени.
Сите јазици се убави, корисни и имаат вредност за разговор со вашето дете.
Сите јазици се важни и корисни за да прашате, да кажувате, да утешите, да се лутите, да раскажувате и да барате да ви раскажат приказни, да објасните, да се смеете заедно или зборувате за сè и сешто.
Користете го јазикот (или јазиците) кој што ви изгледа најприроден, најлесен, најкорисен, најефикасен за да зборувате со вашето дете.
Колективот „𝐋𝐚 𝐝𝐢𝐯𝐞𝐫𝐬𝐢𝐭𝐞́, 𝐞𝐧𝐬𝐞𝐦𝐛𝐥𝐞“ – Разновидност, заеднo (родители, наставници, обучувачи, истражувачи, студенти)